Верица Ристевска
Спроти недела во стариот татков дом
Дома, откако паметувам
пред кандилото си стои
некоја дрвена кутија, и на неа
изрезбарено корење, корење и лоза.
Напаѓала од прав, ѝ го покрила лисјето,
лисјето од лозата, како онаа темна сета
што го покрила сега лицето,
лицето на мајка ми.
Во кутијата сѐ уште си стои писмото од татко ми
како некое оладено Сонце.
И треба само некоја квечерина, спроти недела
да се најдеш во својот роден дом.
У у у у у у...
Напаѓала прав и го покрила лисјето,
лисјето на лозата како онаа темна сета,
што го покрила сега лицето,
лицето на мајка ми.
И да почувствуваш тие неуки букви,
букви од писмото, вознемирени како чукаат,
за да им отвориш, отвориш прозорецот,
за да го напуштат своето далечно време.
И да запловат во бескрај, каде што некогаш
никој не знаел за пепелта.
И да запловат во бескрај, каде што некогаш
никој не знаел за пепелта.
У у у у у у у...
А а а а а а а...
Композитори:
С. Димитров / А. Поповски
![](https://i.ytimg.com/vi/J45pq9FFAe4/maxresdefault.jpg)