Страница : [ Ссылка ]
Текст, артист : Крајм
Инструментал : Dimiography
Микс : Arhetip
Мастер : JoeyDzo
Одам по „марксова“ надолу
по пат гледам само народ луд, народ лут
погледи спуштени за изгубениот човечлук
јас носам темнина ко Едгар Алан По
станав рамнодушен ко Албер Ками, странецот
на мене ранецот талкам по сите страни
си лечиме болка нанесувајќи си самите рани
срам и беда, градов ме тера да бегам
пешачам кон параходот кој ме чека
човекот превзел од надвор,
станува студен
ти викаш помош, но секој околу глув е
се што сакам се само работа, здравје и успех
тие три нешта, за кои сонувам и буден
Затоа молчи, гледај ја Македонија во очи
гледај го твоето кралство како тони
гледај го секој човек, гледај го секој од нив
како бега од својата родбина за малце почит
________________________________________
За мене не жали, те молам не плачи
земи бела марама и задржи во прегратки
параходот пристигна, желбите се прескапи
јас пак ќе се вратам кога солзите се вреднати
_________________________________________
Ова е видикот низ мојата призма
гледам со изморени очи
и можам да признаам дека боли
кога во своја земја си странец и кога она
што е твое припаѓа во туѓи раце знаеш,
до каде води занес
слепите ги води оној што е повеќе ранет
кога чупот е нечист, ти џабе закачуваш знаме
и упорно даваш вода на оној што е гладен
очите ти насолзени, устето ти насмеано
горделивоста боли, во црна свила завеано
сакам да везам, имам две мастила
сите стихови во црно - црвена ги напишав
стани си утре порано, дојди си вечер подочна
со првите зраци што радоста ќе ја однесат
сидрото се крена, и бродот одплива
со тажно срце, за мојата татковина.
Ещё видео!