The Macedonian folk singer Aleksandar Sarievski (1922 - 2002) performing the old and famous Macedonian traditional folk song "Zajdi, Zajdi Jasno Sonce" (O Set, O Set, Clear Sun)
He was one of the most famous folk singers from the Republic of Macedonia.
His specialty used to be rendition of old Macedonian folk songs like Jovano,Jovanke, More Sokol Pie, Zajdi,Zajdi Jasno Sonce etc. He was also the first one to provide a recorded record of these songs.
Извонреден пејач и композитор на песните, Александар Сариевски, e една од најголемите легенди на македонската музика. Роден во Галичник, средното образование го завршил во Скопје, кога и почнал да свири хармоника. Во 1946 година во Македонското радио ја снимил песната „А бре невесто око калешо", со што почнува неговата голема и исклучително богата музичка кариера.
Во своите песни ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни. Тој беше пејач за кој со право народот вели дека се раѓа еднаш во сто години и чии песни вечно ќе зрачат со својот сјај. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство.
Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец" и постојано патувал низ светот во благородна мисија на ширење на приказната за оригиналниот македонски народен мелоз. Сариевски е еден од најголемите амбасадори на автентичната култура на македонскиот народ.
Македонската култура и македонската музичка сцена му е благодарна на Александар кој беше човекот што ги премости океаните и на се` македонско во светот со децении му носеше врска со родниот крај, а на далечните народи најубедливо им говореше за трајноста на македонското име и богатството на неговата културна ризница.
Телеграма со изрази на искрено сочуство по повод смртта на Сариевски до неговото семејство упатил иминистерот за култура Благој Стефановски во која се вели дека „со смртта на овој доајен замина човекот, кој низ звукот на тапанот во „Тешкото", низ народната песна, низ целиот свој живот од Галичник до легендата ја опеваше душата и битот на македонскиот народ".
Song in Macedonian (cyrillic):
Зајди, зајди јасно сонце,
зајди помрачи се,
и ти јасна ле месечино,
бегај удави се.
Црнеј горо, црнеј сестро,
двата да црнееме,
ти за твоите лисја ле горо,
јас за мој'та младост.
Твоите лисја горо сестро,
пак ќе ти се вратат,
а мојата младост ле горо,
нема да се врати.
![](https://i.ytimg.com/vi/Ob7FWkXgXkM/mqdefault.jpg)