Хип Хоп ремикс на најпознатиот македонски евергрин, во изведба на ЛД Пистолеро, продуциран од DJ Гоце Саф, дополнет со семплови од нивните фанови, дел од проектот COOL Remix на T-Mobile!
[ Ссылка ]
Ниту име не ти знам а со тебе имам план
уште пред да те запознаам
твојот свет е малку различен од мојот
поинаков ми е сонот ти си свила, јас сум сомот
знам ти си ми единствена на светот
за кого би го дал и животот само со тебе
во него и никој друг, некогаш намерно вртам круг
за да те сретнам случајно да внесеш топлина во студ
ама те нема, а толку си ми потребна сега додека
душава ме стега и бара љубов и нега време лета
и како да ми смета, секој ден сто минува без тебе
и тера пак да го неќам секој туѓ, поглед што ми дава надеж
сите имаат нешто да кажат
ти имаш да дадеш енергија за да уште тука стојам
и чекам да се појавиш еден ден за да бидеш само моја.
После ноќта, уште си ми тема
минута по минута те чекав и чекав
а уште те нема и веќе, незнам што да праам
дали да се откажам или да почнам јас да те барам
овде во градов некако е чудно
некако се осетив будно кога се расонив во тоа утро знаев
тогаш ке те сретнам
па ми се појави како што те замислував црна и среќна
и насмевка ко ангел очи темни
нели бевме спремни
за тоа што не чека и ми вети љубовта не заслепи
а бевме свои, тие погледи, сакав да бидат само мои
и беа но не ми беше тоа планот
не сакав почетокот на се да биде почеток на крајот
кога сфатив искрено како се љуби
сватив дека тебе те нема а јас во прегратки сум туѓи.
![](https://i.ytimg.com/vi/QgwxEwBFQUg/maxresdefault.jpg)