Ансамбл Танец - Моми за вода одеа
Македонска народна песна, текст:
Моми на вода одеа,
со тие стомни шарени.
Темна ги вечер затече,
стомни им корен фанаа.
Темна ги вечер затече,
стомни им корен фанаа.
Пеејќи песни убави,
берејќи цвеќе шарено.
Сите ми моми набрале,
планинско цвеќе убаво.
Дафина мома набрала,
алова китка трендафил.
Повеќе македонски народни песни на www.pesna.org.
Macedonian folk song
Vodarki / Momi za voda odea
Macedonian National Ansamble Tanec
More Macedonian folk songs on www.pesna.org
На фотографијата е прикажана овчеполската женска народна носија
Facebook/CIOFF Macedonia: Во однос на основните карактеристики, овчеполската носија претставува форма на облековна култура врз која се напластиле разни културни влијанија, но доминантно е турско-ориенталното влијание, манифестирано преку специфичните ткаенини од ориентален вид т.н. алаџа и кенарно платно. Женските кошули се со зачуван старобалкански или старословенски крој со што припаѓаат на динарскиот тип на облеки. Карактеристика на женската овчеполската носија е отсуството на вез, но од друга страна присуството на тантели наречени сорки, цуцки и ои, како дел од ориенталното културно влијание. Во женската носија кошулите се од бело домашно платно, со разнобојни пругасти шарки означени со народниот назив кенари, а на ракавите има разнобојни украсни тантели оји. Елекот, со широк ѕвонест долен дел, поетавен е со дебело конопно платно и со прошиени конци, и сиот е малку набран. Украсни оји се застапени и на другите делови на носијата. Околу половината се опашува тесно, декоративно, орнаментирано појасче - ѕуница и скутина - крпа, со вткаени пругасти и ситни геометриски шарки.
Ещё видео!