[ Ссылка ]
Жива е Македонија! - пеат Македонците од село Баница, Леринско. На денот кога Македонците покажаа дека се против промена на името и го бојкотираа срамниот референдум, ова видео нека биде потсетник дека македонското име не смее да биде заборавено! Иако именувани и преименувани од другите низ текот на историјата, она што прави да опстојува Македонија и македонското прашање се токму Македонците кои го пренесуваат заветот за Македонија на своите деца и внуци преку македонскиот јазик. Ако го нема македонскиот јазик, ќе ги нема и овие песни, панаѓури, преданија и приказни за тоа кои сме и од каде доаѓаме. Без разлика каде се посеани Македонците: Вардар, Егеј, Пирин, Голо Брдо, и низ белиот свет, она што нè сврзува е повеќе од она што нè разделува. Да живее Македонија! #makedonija #makedonskamuzika #makedonskipesni #makedonci
![](https://i.ytimg.com/vi/yD-jbKSy5Q8/maxresdefault.jpg)